• четврток, 14 ноември 2024

Ван Дајк за последниот ден на Клоп во Ливерпул: Се плашам од тој ден

Ван Дајк за последниот ден на Клоп во Ливерпул: Се плашам од тој ден

 

Ливерпул, 4 април 2024 (МИА) – Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дијк, обелодени дека стравува од моментот кога менаџерот Јирген Клоп ќе го напушти „Енфилд“ на крајот од актуелната сезона.

„Јас сум многу емотивна личност и не ми се допаѓаат збогувања“, призна холандскиот фудбалер за телевизијата ITV.

„Ќе биде ужасно и поради тоа што јас сум капитенот и веројатно ќе морам малку да зборувам на таа тема. Како што реков, се плашам од тој ден. Ако бидеме успешни, ќе биде малку полесно“, рече холандскиот репрезентативец.

Ван Дијк минатата сезона беше назначен за капитен на Ливерпул од менаџерот Јирген Клоп и двајцата се во добри односи. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан