• среда, 17 јули 2024

Ван Гал по триумфот над Белгија: Сите наши фудбалери си ја извршија задачата

Ван Гал по триумфот над Белгија: Сите наши фудбалери си ја извршија задачата
Брисел, 4 јуни 2022 (МИА) - Селекторот на холандската фудбалска репрезентација Луиј ван Гал е задоволен од изданието на неговите избраници на синоќешниот дуел со Белгија. Холанѓаните победија со 4:1 во натпревар од 1. коло А-сегмент на Лигата на нации. - Ако секој го прави она што треба да го направи, тогаш имаме дополнителен играч на секоја позиција на теренот. Многу зависи од противникот. Секој тим игра на свој начин. Се адаптирав на нивната игра. Ја приспособив средната линија за тоа, а денес ни донесе победа, изјави Ван Гал. Следен противник на Холандија ќе биде Велс, додека Белгија ќе се соочи со Полска. Овие натпревари се закажани за 8 јуни. зс/

Остани поврзан