• понеделник, 23 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Вандализирана урбана опрема во новоизградениот парк „Топлик“ во Гевгелија

Вандализирана урбана опрема во новоизградениот парк „Топлик“ во Гевгелија

Гевгелија, 9 април 2025 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден вандализирана е урбана опрема во новоизградениот парк „Топлик“, соопштија од Општина Гевгелија.

Оттаму информираат дека по извршениот увид на терен е констатирано дека станува збор за оштетувања како резултат на вандалски чин.

-Остро го осудуваме секој чин на вандализам и оштетување на она што е заедничко и за кое треба да се грижиме сите заедно. Во оваа прилика сакаме да истакнеме дека локалната самоуправа ќе продолжи и во иднина со поставување на нова урбана опрема низ сите делови на градот, се наведува во објавата на општинската официјална страница.

Се додава дека настанот е пријавен во надлежните институции за понатамошно поставување. рт/мд/

Фото: Општина Гевгелија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан