• петок, 17 мај 2024

Валверде останува во Реал до 2029

Валверде останува во Реал до 2029

Мадрид, 9 ноември 2023 (МИА) – Уругвајскиот играч за врска Федерико Валверде (25) го продолжи денеска договорот со мадридски Реал за уште две сезони, до 2029 година.

Иако Реал не ги објави финансиските детали, шпанските медиуми пишуваат дека и во обновениот договор со Валверде, како и во случаите со Камавинга, Винисиус и Родриго, е вметната откупна клаузула од една милијарда евра.

Валверде дојде во Реал како тинејџер во 2016 година.

Оттогаш, Уругваецот со Кралскиот клуб ги освои Лигата на шампиони, две светски клупски првенства, Европскиот Суперкуп, две шпански титули, Копа Дел Реј, како и два трофеи во шпанскиот Суперкуп. ег/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан