Валандово и Босилово ги повикуваат граѓаните да ги пријават штетите од голомразицата
- Општините Валандово и Босилово ги повикуваат граѓаните кои претрпеле штети на своите земјоделски посеви од голомразицата, која го зафати атарите на двете општини на 18,19 и 20 март, дека можат да поднесат барање за претрпена штета.

Валандово/Босилово 28 март 2025 (МИА) - Општините Валандово и Босилово ги повикуваат граѓаните кои претрпеле штети на своите земјоделски посеви од голомразицата, која го зафати атарите на двете општини на 18,19 и 20 март, дека можат да поднесат барање за претрпена штета.
Како штои се наведува во двете соопштенија штетата се однесува на овоштарници и на градинарски култури, а граѓаните со потребни документи можат да пријават во седиштата на општините, односно до општинските комисии за проценка на штети од елементарни и други непогоди.
За да ја пријават штетата земјоделците треба да поднесат важечки имотен лист, лична карта и трансакциска сметка и тоа треба да го направат најдоцна до 1 април.
Следната недела се очекува комисиите за проценка на штетите да излезат на терен и да ја утврдат фактичката состојба. рт/дма/
Фото: Принтскрин