Вакцината против Ковид-19 не влијае врз плодноста
- Тврдењата дека вакцината против Ковид-19 би можела да влијае врз плодноста кај мажите се неосновани, соопштија денеска британските експерти од Кралскиот колеџ во Лондон

Лондон, 13 февруари 2021 (МИА) - Тврдењата дека вакцината против Ковид-19 би можела да влијае врз плодноста кај мажите се неосновани, соопштија денеска британските експерти од Кралскиот колеџ во Лондон.
На социјалните мрежи се појавија неточни тврдења дека вакцината против Ковид-19 на Фајзер/БиоНтек би можела да предизвика неплодност кај мажите или да го нападне плодот.
- Не постои таков биолошки механизам што би ја направила вакцината опасна по плодноста, изјави професорката Луси Чапел од Кралскиот колеџ во Лондон. ми/