• недела, 22 декември 2024

Вакциналниот пункт во Гостивар ќе работи во две смени и во сабота

Вакциналниот пункт во Гостивар ќе работи во две смени и во сабота

Гостивар, 10 февруари 2024 (МИА) – По препораките на здравствените власти поврзани со состојбата и ширење на големата кашлица (пертусис), службата за вакцинација во Здравствен дом Гостивар почна да работи во две смени и во сабота. Оваа мерка треба да овозможи вакцинирање на децата кои не ги примиле потребните дози со вакцината ДиТеПер (дифтерија, тетанус, пертусис).

Деновиве има зголемен интерес и родителите кои го проверуваат вакциналниот статус и ги носат децата за да се вакцинираат, потврдува д-р Дафина Богданоска од гостиварската служба за вакцинација. Една до причините, вели таа е и појавата на болеста во гостиварско.

Таа потврди дека се регистрирани два случаи, две иполмесечно бебе кое не е вакцинирано и четиригодишно дете кое примило вакцина. Двете деца се лекуваат на скопските клиники.

- Една од причините за појава на болеста е недоволниот опфат со вакцинирање и тој е во опаѓање. Тој се движи околу 87 проценти, а со бустер дозата тој е под 75 проценти. Пропуштањето на вакцинирањето е најверојатно и заради избегнување на вакцинирање со „мрп“ вакцината. За да излеземе во пресрет на зголемениот интерес и да го зголемиме опфатот, нашата служба ќе работи со продолжено работно време, вели д-р Дафина Богданоска од службата за вакцинирање во Здравствен дом Гостивар.

Вакциналниот пункт во Гостивар ќе биде отворен од денес (сабота), а од понеделник во работните денови ќе се работи во две смени.

Болеста голема кашлица (пертусис) во гостиварско не била регистрирана во последниве три децении. згм/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан