Вадефул: Палестинците треба да се откажат од Хамас
- Шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул изјави дека се надева оти Хамас во иднина нема да има никаква улога во Појасот Газа
Берлин, 14 октомври 2025 (МИА) – Шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул изјави дека се надева оти Хамас во иднина нема да има никаква улога во Појасот Газа.
- Хамас мора да биде разоружан и повеќе да нема политичко влијание. А, Палестинците ќе имаат задача да се откажат од оваа организација, наведе Вадефул.
Според него, Палестинците треба да се дистанцираат од милитантната група и да изнајдат нова форма на соработка.
- Претседателот на САД, Доналд Трамп даде одлучувачки придонес во договорот за Појасот Газа. И Германија сега го повикува да продолжи со своите напори за започнување преговори меѓу Русија и Украина, истакна Вадефул.
Тој додаде дека Германија е подготвена да го поддржи Трамп во таква мировна иницијатива. ми/
фото: ЕПА