• вторник, 30 април 2024

Бујар Османи повторно со јавна покана до Гордана Силјановска-Давкова за ТВ дуел

Бујар Османи повторно со јавна покана до Гордана Силјановска-Давкова за ТВ дуел

15 април 2024

Кандидатот за претседател од Европскиот фронт Бујар Османи инсистира на медиумски „дуел“ со противкандидатот од ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова. Со цел да ги презентираат нивните понуди и отворено да зборуваат пред граѓаните за тоа кој каква визија има за Северна Македонија, веќе вчера Османи упати две јавни покани до политичкиот опонент, од пладневната прес-конференција во Министерството за надворешни работи и од синоќешниот митинг во Црнилиште.

 „Затоа денеска ја поканив противкандидатката г-ѓа Гордана Силјановска, и пак ја поканувам, ајде да дебатираме! Бидејќи нашите две понуди се единствените алтернативи, ајде да влеземе во дебатата! Јас ќе зборувам за интеграција, вие ќе зборувате за изолација. Јас ќе зборувам за соживот на Европскиот фронт, вие ќе зборувате како ви требаат 61 пратеник за да ги исклучите Албанците, Турците и другите од одлучувањето. Ќе зборувам како секој од нас да има европски пасош во џебот, а таа нека зборува како ги тера луѓето и нашите граѓани да земат бугарски пасош за да избегаат во Европа. Ова се 2-те алтернативи кои ни се нудат“ – истакна Османи.

Но ниту Силјановска Давкова ниту штабот на ВМРО ДПМНЕ сѐ уште не одговорија на поканата за дебата. Давкова пред некој ден му возврати на Османи дека нејзиниот повик за 61 пратеник не е националистички и дека овие избори не се референдум за ЕУ или изолација, како што вели кандидатот на коалицијата Европски фронт. Сепак, се очекува во наредните денови да се види дали истата е подготвена за директен дуел.

ДУИ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан