• петок, 22 ноември 2024

Бучковски: Верувам дека со Бугарија можеме да најдеме решение за нашата иднина

Бучковски: Верувам дека со Бугарија можеме да најдеме решение за нашата иднина
Скопје, 4 декември 2020 (МИА) - Македонската Влада е свесна дека треба да изготви патоказ за да покаже дека е цврсто посветена на имплементацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија, изјави поранешниот премиер и актуелен специјален пратеник за Бугарија, Владо Бучковски. Во интервју за БНР, Бучковски рече дека тимовите на двете министерства за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија работат на формулациите и оти верува дека може да се најде решение. -Верувам, и знам дека додека ние разговараме, тимовите на министерствата за надворешни работи - на Бугарија и на нашето, работат на формулациите коишто ќе покажат дека и без поддршка од кого било, макар што, во моментов го имаме претседателството на Германија, кое е голема поддршка, ние од Западниот Балкан, ние соседите кои имаме заедничка историја, можеме да најдеме решение за нашата заедничка иднина, вели Бучковски за БНР. ев/лв/  

Остани поврзан