• недела, 22 декември 2024

Буфон шеф на делегацијата на Италија

Буфон шеф на делегацијата на Италија

Рим, 5 август 2023 (МИА) – Прославениот италијански голман Џанлуиџи Буфон доби нова функција. Тој ќе биде на чело на делегацијата на италијанската репрезентација.

 

Четириесет и петгодишниот Буфон пред три дена најави дека се пензионира како играч.

 

- Се враќам во репрезентацијата затоа што детето кое првпат ги мина портите на Коверчиано пред 30 години, сè уште сака да сонува и да го живее овој сон со италијанските навивачи, напиша Буфон на социјалните мрежи.

 

Пред Буфон на шеф на репрезентативната делегација беше Џанлука Вијали. Во декември 2022 година, Вијали ја напушти функцијата, а во јануари почина. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан