• понеделник, 25 ноември 2024

Бускетс одлучи да ја напушти Барселона

Бускетс одлучи да ја напушти Барселона

Барселона, 9 мај 2023 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс одлучи да го напушти клубот на 30 јуни по завршувањето на неговиот договор, објави  „Марка“.

 

Денес играчот од средниот ред за ова одлука ги информирал своите соиграчи. Забележано е дека раководството на Барселона ќе чека на победа во шампионатот на Шпанија пред јавно да ја соопшти веста.

 

Бускетс е „дете“ и актуелен капитен на Барселона. Тој е во структурата на клубот од 2005 година и оттогаш успеал да одигра 713 натпревари за првиот тим, со што е еден од водечките по овој показател.

 

Во тековната сезона Бускетс настапи на 39 натпревари во сите натпреварувања и имаше четири асистенции. зс/

Остани поврзан