• четврток, 19 декември 2024

Бурунди ја затвора границата со Руанда и ги депортира нејзините државјани, обвинувајќи ги за поддршка на бунтовниците

Бурунди ја затвора границата со Руанда и ги депортира нејзините државјани, обвинувајќи ги за поддршка на бунтовниците

Најроби, 11 јануари 2024 (МИА) – Министерот за внатрешни работи на Бурунди Мартин Нитеретсе денеска соопшти дека неговата земја ги прекинува дипломатските односи со Руанда, ја затвора границата со неа и ќе започне со депортација на државјани на Руанда, обвинувајќи ја земјата за поддршка на бунтовниците кои го напаѓаат Бурунди.

За време на состанокот со безбедносните службеници во провинцијата Кајанза, во близина на границата со Руанда, Нитеретсе рече дека претседателот на земјата, Пол Кагаме, е „лош сосед“ и дека ги „прекинуваат сите врски со него“, обвинувајќи го дека „дава засолниште на криминалци кои го дестабилизираат Бурунди“.

Тој рече дека владата на Бурунди наскоро ќе почне со депортирање на државјани на Руанда.

Прекинот на односите меѓу двете земји доаѓа откако бурундискиот претседател Еварист Ндајишимаје минатиот месец ја обвини официјална Руанда дека ги поддржува бунтовниците познати како РЕД-Табара, кои властите во Бурунди ги сметаат за терористичка организација.

Бунтовниците ја презедоа одговорноста за нападот на 21 декември во кој загинаа 10 безбедносни службеници. Владата соопшти дека загинале 20 лица, од кои повеќето цивили. јт/

Фото: Гугл мапи

Остани поврзан