• недела, 06 октомври 2024

Бунтовниците убија четворица индиски војници во Кашмир

Бунтовниците убија четворица индиски војници во Кашмир

Њу Делхи, 8 јули 2024 (МИА) – Четворица војници загинаа, а шестмина други се ранети во напад на бунтовниците во делот на Кашмир кој е под контрола на Индија, соопштија денеска воени претставници.

Ниту една група сè уште не ја презела одговорноста за нападот што денеска се случи во областа Катуа кога воено возило кое било во рутинска патрола кога било нападнато од заседа.

Во соопштението на армијата се наведува дека на тоа место итно се испратени дополнителни војници како засилување, како и дека е во тек операција за потрага по бунтовниците.

Нападите се поврзани со ескалацијата на насилството што избувна во неделата, кога полицијата соопшти дека двајца војници на индиската армија и шестмина милитанти биле убиени во два судири во областа Кулгам. Претходно истиот ден, милитанти пукаа во армиски камп во областа Раџури, при што беше повреден еден војник.

Хималајскиот регион Кашмир е поделен меѓу Индија и Пакистан од 1947 година, но и двете земји полагаат право на него во целост. Двете нуклеарно вооружени соседи водеа три војни за Кашмир. јт/

Фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан