Бунтовниците од групата М23 напредуваат на југ во ДР Конго, претседателот Чисекеди ќе и се обрати на нацијата
- Бунтовниците од групата М23 поддржани од Руанда, во Демократска Република Конго се движат кон југ, очигледно во обид да ја прошират областа што ја контролираат на истокот од земјата по заземањето на градот Гома, пренесоа светските агенции.
Киншаса, 29 јануари 2025 (МИА) - Бунтовниците од групата М23 поддржани од Руанда, во Демократска Република Конго се движат кон југ, очигледно во обид да ја прошират областа што ја контролираат на истокот од земјата по заземањето на градот Гома, пренесоа светските агенции.
При евентуален успешен пробив на југ М23 ќе контролира толкава територија колку што другите фракции не успеале да ја заземат во последните 20 години.
Целта на бунтовниците е да стигнат до градот Букаву. Пред тоа, тие ќе треба да го заземат аеродромот „Кавуму“ и да ги надминат бурундиските трупи испратени да ја зајакнат одбраната на ДР Конго.
Напредокот на Букаву доаѓа откако М23 ја засили контролата врз Гома, главниот град на провинцијата Северен Киву, каде што се сместени многу раселени луѓе.
Постојат бројни рудници за минерали во провинциите Северен Киву и Јужен Киву, а борбата за контрола над богатите ресурси на ДР Конго е еден од двигателите на конфликтите во источниот дел на земјата. Меѓу овие ресурси е и рудата колтан, која се користи во производството на паметни телефони.
Претседателот на Демократска Република Конго, Феликс Чисекеди денеска ќе и се обрати на нацијата. рп/
Фото: МИА архива