• четврток, 26 декември 2024

Бунтовниците во Идлиб нападнати од сириски и руски авиони

Бунтовниците во Идлиб нападнати од сириски и руски авиони

Дамаск, 1 декември 2024 (МИА) – Сириски и руски авиони денеска го нападнаа градот Идлиб, кој е под контрола на бунтовниците. Според спасувачките служби во нападите загинале најмалку четири лица, а десетина се повредени.

Сириската армија и руските сили тврдат дека гаѓаат засолништа на бунтовниците и негираат дека цел на нападите се цивилите.

Сириската армија денеска соопшти дека воспоставила контрола врз неколку градови, кои изминатите денови беа преземени од бунтовниците предводени од Хајат Тахрир ал Шам.

Бунтовниците вчера го зазедоа Алепо, град источно од покраината Идлиб, поради што ја принудија сириската армија да се прегрупира.

Бунтовниците денеска тврдат дека зазеле уште еден град – Кансир, обидувајќи се да го пресечат главниот пат за снабдување на армијата во Алепо. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан