• петок, 22 ноември 2024

Бугарија денеска повторно гласа, петти пат во последните две години

Бугарија денеска повторно гласа, петти пат во последните две години

Софија, 2 април 2023 (МИА) - Во Бугарија денеска се одржуваат петите вонредни парламентарни избори за помалку од две години.

Последните истражувања на јавното мнение кај источниот сосед покажуваат дека на денешните избори нема да има јасен победник .

И овој пат се очекува да има слаб одзив на гласачите, бидејќи анкетите покажуваат излезеност од само 39 отсто, а 13 отсто се уште да се двоумат дали да излезат, оставајќи конечната одлука да ја донесат на самиот ден на гласањето. 

Предводивањата се дека по денешното изјаснувањ ена граѓаните во новиот парламент ќе влезат  пет партии и коалиции - ГЕРБ-СДС, „Промените продолжуваат и Демократска Бугарија“, Движењето за права и слободи (ДПС) „Преродба“ и Бугарската социјалистичка партија (БСП).

„Бугарски подем“ и „Левица!“ имаат теоретски шанси да ја прескокнат бариерата од четири проценти, но гласањето во голема мерка ќе зависи од нивната способност да ги убедат своите гласачи да отидат до гласачките места. 

Од друга страна,бугарските избирачи, заморени од честите гласања, се надеваат дека новоизбраниот парламент ќе формира стабилна влада која ќе почне да ги решава наталожените проблеми во земјата, инфлацијата, безбедноста, реформите во важните сектори како правосудството, здравството итн., јавува бугарското радио. сд/

Остани поврзан