• недела, 22 декември 2024

Бугарија го полни складиштето во Чирен со течен природен гас од Грција и од Азербејџан

Бугарија го полни складиштето во Чирен со течен природен гас од Грција и од Азербејџан
Софија, 13 март 2022 (МИА) - Извршниот директор на Булгартрансгаз, Владимир Малинов за Нова ТВ изјави дека војната во Украина целосно ги променила правилата на игра. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Малинов, имало денови кога цената на гасот се зголемила за 60 отсто на светските и европските пазари, а следниот ден цената се намалила од 30 до 40 проценти, што не било нормално. Малинов заедно со министерот за енергетика на Бугарија презедоа мерки за безбедно снабдувањето со гас во моментов. - Ако рускиот претседател Владимир Путин ја затвори славината, Бугарија има разработен план, Булгартрансгаз гарантира дека во првите 48 часа ќе има гас за домаќинствата и за големите економски претпријатија, истакна Малинов. Според него, потрошувачката во последните денови е зголемена студеното време. - Магацинот за гас во Чирен е исполнет до 20 проценти од својот технички капацитет, што одговара на европскиот просек. Бугарската државна компанија за гас веќе почна активно да работи на пополнување на волуменот за следната грејна сезона, а побара и двојно зголемување на капацитетот на Чирен, истакна Малинов. Тој увери дека Бугарија има пристап до два главни алтернативни извори на руски природен гас - течен природен гас од Грција и од Азербејџан. Малинов изрази надеж дека до октомври Бугарија ќе може да го наполни складиштето во Чирен за 90 отсто, додавајќи дека постои можност за дополнителни количества азербејџански гас. нк/ми/

Тагови

Остани поврзан