• понеделник, 23 декември 2024

„Бубачки“ на Игор Иванов Изи во Кинотека во рамките на јубилејни проекции на македонски филмови

„Бубачки“ на Игор Иванов Изи во Кинотека во рамките на јубилејни проекции на македонски филмови

Скопје, 13 декември 2024 (МИА) - Декемвриската програма на Кинотеката ја збогатуваат филмови кои ја обележаа историјата на македонската кинематографија. Со овие проекции публиката има можност повторно да се потсети на овие филмови, кои преку различни наративи и жанрови ја прикажуваат македонската култура, историја и живот.

По повод 20-годишнината од премиерата на „Бубачки“ по сценарио и режија на Игор Иванов Изи, филмот ќе биде прикажан во Кинотеката вечер со почеток во 19.30 часот.

„Бубачки“ е македонски краткометражен игран филм од 2004 година, во продукција на „Сектор Филм Скопје“. Филмот е номиниран за „Златна мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал во 2004 година и е добитник на престижниот „Златен леопард“ на фестивалот во Локарно. Бубачки успеа да се пласира помеѓу девет кратки филмови во трката за „Оскар“, но не се здоби со номинација.

Улогите ги толкуваат: Ѓорѓи Крстевски, Оливер Митковски, Лабина Митевска, Владимир Јачев и Јелена Богојевиќ.

Фото: Кинотека

Остани поврзан