• петок, 22 ноември 2024

Бруклин објави продолжување на договорот со Дурант на четири години и 198 милиони

Бруклин објави продолжување на договорот со Дурант на четири години и 198 милиони
Њујорк, 8 август 2021 (МИА) – Кошаркарот на Бруклин, Кевин Дурант го продолжи договорот со клубот на 4 години за 198 милиони долари, објавија денес „Нетс“. Актуелниот договор на Дурант е со важност до 2022 година. За следното првенство, напаѓачот ќе заработи 40,9 милиони долари. Триесет и двегодишниот Дурант им се приклучи на Нетс во 2019 година, но ја пропушти својата прва сезона поради повреда. Во регуларниот дел од НБА-сезоната 2020/21, кошаркарот настапи на само 35 натпревари, со просек со 26,9 поени, 7,1 скока, 5,5 асистенции, 0,7 украдени топки и 1,3 блокади. Бруклин загуби од Милвоки во полуфиналето на Источната конференција (3:4). Кевин, најплатениот спортист кој се појави на Олимпијадата во Токио, стана олимписки шампион со американскиот тим по трет пат во кариерата и беше избран за најкорисен играч на Игрите 2020. зс/

Остани поврзан