• петок, 05 јули 2024

Бројот на заразени со коронавирус во Купот на Америка се искачи на 140

Бројот на заразени со коронавирус во Купот на Америка се искачи на 140
Бразилија, 22 јуни 2021 (МИА) - Бројот на лица заразени со коронавирус на Купот на Америка се искачи на 140, објави прес-службата на КОНМЕБОЛ. - Од 15.235 тестови од почетокот на турнирот, 140 покажаа позитивен резултат, што е околу 0,9 проценти. Повеќето од заразените се работници, членови на делегации и ангажиран персонал, стои во соопштението. За потсетување, претходно во националниот тим на Венецуела беа регистрирани 13 случаи на инфекција. Покрај тоа, беа забележани позитивни тестови во репрезентациите на Боливија, Колумбија и Перу. Фудбалскиот Куп на Америка требаше да се одржи во Колумбија и Аргентина. Сепак, турнирот беше преместен во Бразил поради масовните протести во Колумбија и тешката епидемиолошка состојба во Аргентина. зс/

Остани поврзан