• петок, 20 март 2026

Бројот на загинати по поројните дождови во Бразил се искачи на 46

Бројот на загинати по поројните дождови во Бразил се искачи на 46

Бразилија, 26 февруари 2026 (МИА) – Бројот на загинати како последица на поројните дождови во југоисточната бразилска сојузна држава Минас Жераис се искачи на 46, покажуваат податоците објавени вчера од државната противпожарна служба.

Поплавите и лизгањето на земјиштето принудија околу 3.600 луѓе да ги напуштат своите домови во градовите Жуиз де Фора и Уба, кои се наоѓаат на околу 110 километри еден од друг, а 21 лице се води како исчезнато, додаде противпожарната служба.

Во голем дел од Бразил, врвот на дождовната сезона е во лето, од декември до март, и се карактеризира со чести интензивни врнежи, грмотевици, поплави и калливи свлечишта.

Општинската управа на Жуиз де Фора соопшти дека ова бил најврнежливиот февруари во историјата на градот, при што количината на врнежи е повеќе од двојно поголема од очекуваната за овој месец. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан