• петок, 20 декември 2024

Бројот на загинати во Турција и Сирија надмина 7.200, повеќе од 35.000 луѓе се повредени

Бројот на загинати во Турција и Сирија надмина 7.200, повеќе од 35.000 луѓе се повредени

Анкара, 7 февруари 2023 (МИА) – Бројот на загинати во земјотресите што ги погодија Турција и Сирија сега изнесува 7.266, јави Скај Њуз пренесувајќи го најновиот биланс.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа изјави дека само во Турција починале 5.434 лица. Тој информира дека во Турција се повредени најмалку 31.777 лица.

Во Сирија, најмалку 3.849 лица се повредени од кои најмалку 1.449 во областите контролирани од сириската влада според сириските државни медиуми и најмалку 2.400 во северозападна Сирија контролирана од опозицијата според „Белите шлемови“.

Најмалку 35.626 луѓе се повредени во двете земји. јт/

Остани поврзан