Бројот на жртви од нападот на Божиќниот пазар во Магдебург се искачи на шест
- Бројот на жртви од нападот на Божиќниот пазар во Магдебург, Германија, се искачи на шест, откако денеска беше соопштено дека една од повредените жени им подлегнала на повредите, јави ДПА.
Берлин, 6 јануари 2025 (МИА) - Бројот на жртви од нападот на Божиќниот пазар во Магдебург, Германија, се искачи на шест, откако денеска беше соопштено дека една од повредените жени им подлегнала на повредите, јави ДПА.
52-годишна жена починал во болница, соопшти обвинителството во Наумбург.
Нападот се случи на 20 декември, кога 50-годишен маж со автомобил влета во толпа луѓе, усмртувајќи пет лица, меѓу кои 9-годишно момче и четири жени.
Осомничениот, идентификуван како Талеб А., е државјанин на Саудиска Арабија со постојан престој во Германија од 2006 година. Тој претходно работел како лекар во психијатриска болница. Обвинителството истражува дали осомничениот страда од психички заболувања.
Се истражуваат и безбедносните мерки на пазарот, бидејќи пристапите не биле соодветно обезбедени, соопштија властите. ссм/
фото: архива