Бројот на жртви во насилството во јужна Сирија надмина 1.000
- Насилството во јужна Сирија одзеде повеќе од 1.000 животи за една недела, според новиот извештај на Сириската опсерваторија за човекови права (СОХР) со седиште во Велика Британија.
Дамаск, 20 јули 2025 (МИА) - Насилството во јужна Сирија одзеде повеќе од 1.000 животи за една недела, според новиот извештај на Сириската опсерваторија за човекови права (СОХР) со седиште во Велика Британија.
Според СОХР, бројот на жртви вклучува 336 борци од Друзите и 298 цивили од Друзите, вклучувајќи 194 „погубени по кратка постапка од страна на припадници на министерствата за одбрана и внатрешни работи“.
Меѓу загинатите се 342 припадници на владините безбедносни сили и 21 бедуин, вклучувајќи тројца цивили „по кратка постапка погубени од страна на борци од Друзите“.
Дополнително, 15 припадници на владините сили беа убиени во израелски напади, соопшти СОХР. мс/
фото: ЕПА архива