• среда, 28 јануари 2026

Бројот на жртвите од свлечиштето во Индонезија се зголеми на 48

Бројот на жртвите од свлечиштето во Индонезија се зголеми на 48

Џакарта, 27 јануари 2026 (МИА) – Бројот на жртвите од свлечиштето во Индонезија порасна на 48, од кои 30 се идентификувани.

Полицијата соопшти дека работата на идентификација на преостанатите 18 тела сè уште е во тек, а листата на исчезнати лица и понатаму се ажурира, јавија локалните медиуми.

Лизгањето на земјиштето се случи во индонезиската провинција Западна Јава.

За да ја забрзаат потрагата, властите распоредија и кучиња кои им помагаат на тимовите во лоцирањето на жртвите затрупани под урнатините, особено во областите до кои е тешко да се стигне со тешка опрема.

Канцеларијата за зајакнување на жените и заштита на децата на градот Бандунг обезбеди услуги за закрепнување од траума на децата погодени од одронот. Помошта вклучува психолошка поддршка, како и дистрибуција на играчки, лекови и облека во засолништата за евакуираните, со цел обновување на менталната благосостојба на децата, пишуваат локалните медиуми. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан