• понеделник, 02 февруари 2026

Бројни трофеи и медали за охридските Бренобрејн генијалци на меѓународен натпревар

Бројни трофеи и медали за охридските Бренобрејн генијалци на меѓународен натпревар

Охрид, 2 февруари 2026 (МИА) - Три трофеи, девет златни и осум сребрени медали освоија охридските „генијалци“ на неодамна одржаниот 16 по ред Меѓународен Бреинобреин-абакус натпревар.

Тоа е одличен резултат, дотолку повеќе што 20-те учесници од Центарот за развивање животни вештини при Црвениот крст се натпреваруваат во мошне силна конкуренција од 23.912 учесници од 79 земји од светот.

Од охридскиот Црвен крст посочуваат дека и овој пат интернационално мерливите резултати покажале и потврдиле дека охридските бреинобреин генијалци се меѓу најдобрите во светот.

-Успехот се должи на посветеноста, вложениот труд и упорната работа на децата, на несебичната и професионална посветеност на тренерите и на поддршката од родителите. Овој успех претставува потврда дека одиме по вистинскиот пат со имплементација на Бреинобреин програмата, фокусирани на подобрување на излезните развојни резултати кај децата и градење поттикнувачки амбиент за учење преку креирање мотивација и позитивен пристап кон учењето, кој им помага на децата да развијат вештини, знаења, компетенции, самодоверба и чувство на социјална одговорност - велат од Црвен крст  - Охрид. аб/дма/

Фото: Илустрација

 

Остани поврзан