• петок, 05 јули 2024

Бронзен медал за македонскиот борач Магомедов на ЕП во Хрватска

Бронзен медал за македонскиот борач Магомедов на ЕП во Хрватска

Загреб, 19 април 2023 (МИА) - Македонскиот репрезентативец Ахмад Магомедов освои бронзен медал на Европското првенство во борење што се одржува во Загреб, Хрватска.

 

Магомедов во борбата за бронзата го победи Арман Авагјан од Ерменија со 7:4.

 

Патот до бронзениот медал на Магомедов беше победа над Станислав Новац од Молдавија, па пораз од Кугиумцидис од Грција, триумф во репасажот против Габриел Рамос од Шпанија и синоќешната победа над Авагјан. зс/

 

Фото: Принтскрин youtube

Остани поврзан