Бронзен медал за македонскиот тим на Интернационалната олимпијада по информатика во Сегедин
- Во перидот од 28 - ми август до 4-ти септември се одржа 35-тата по ред Интернационална олимпијада по информатика во Унгарија. На олимпијадата, учествуваше македонскиот тим од областа на програмирањето за средношколци, составен од учениците: Дамјан Давков, Иван Занов, Марко Петров и Благој Рујаноски Стојановски, предводени од лидерите, д-р Емил Станков и Владислав Бидиков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), од кои еден од нив освои бронзен медал.
Скопје, 4 септември 2023 ( МИА) - Во перидот од 28 - ми август до 4-ти септември се одржа 35-тата по ред Интернационална олимпијада по информатика во Унгарија. На олимпијадата, учествуваше македонскиот тим од областа на програмирањето за средношколци, составен од учениците: Дамјан Давков, Иван Занов, Марко Петров и Благој Рујаноски Стојановски, предводени од лидерите, д-р Емил Станков и Владислав Бидиков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), од кои еден од нив освои бронзен медал.
-Годинава на ИОИ учествуваат вкупно 351 ученик од 90 земји низ целиот свет. Во ваква исклучително силна конкуренција, бронзениот медал за Македонија го освои Дамјан Давков, додека останатите тројца натпреварувачи имаа забележителен настап, при што Марко Петров освои олимписка пофалница, а беше многу блиску и до освојување на бронзен медал од каде што го делеа само 14 поени( од можни 600 поени на натпреварот), наведено е во соопштението.
ИОИ е најпрестижниот годишен интернационален натпревар во програмирање за средношколци кој традиционално се одржува во една од земјите – членки на ИОИ заедницата. Следната, 36-та по ред, Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ 2024), ќе се одржи идната година во Египет, која започнува на 8-ми септември. љм/са/
Фото: ИОИ