• петок, 22 ноември 2024

Брнз: С Македонија напредна во борбата против корупцијата, но претстои уште многу работа

Брнз: С Македонија напредна во борбата против корупцијата, но претстои уште многу работа
Скопје, 7 април 2022 (МИА) – Корупција, толку често го слушаме зборот што веќе стравувам дека ќе го загуби и значењето. Има долгорочни последици што ги ограничуваат шансите за успех на една земја, нагласи Кејт Мери Брнз, амбасадор на САД во РС Македонија на денешниот регионален форум „Борбата против корупција: Западен Балкан во фокусот“. За амбасадорката Брнз важно е да се знае дека мора да се бориме против корупцијата. Кога граѓаните чувствуваат дека не можат да успеат во нивниот систем заради корумпирани административци или коруптивни пркатики, истакна таа, тоа ја нагризува суштината на општеството. Наведе дека корупцијата ја нагризува вербата во институциите, сите основи на демократијата, а антидемократските сили ја користат корупцијата за да ја поткопаат деморкатијата во слободните нации. Амбасадорката Брнз го истакна напредокот во С Македонија и во другите земји во регионот, посочувајќи дека нашата земја имаше напредок од 24 места на листата за перцепција за корупцијата. - Би сакале да го задржиме овој момент на движење, но сепак ни претстои уште многу работа, рече Брнз. Додаде дека корупцијата има различни форми не се само парите во плико и не се случува само на највисоко нивоа на Владата. - Научивме дека граѓаните некогаш не можат да добијат на пример извод од матична книга на родени без да потплатат. И ова е корупција, и тоа е погрешно и штетно. Тоа е корупција што го забавува напредокот. Борбата против корупцијата е едно од основните човекови права, а од оваа година и судството ќе биде вклучено. Во С Македонија на пример има голем притисок врз судиите, и сето ова може да биде индикатор за корупција и во најдобар случај може да го направи судскиот систем подложен на корупција. САД инвестирале многу во судскиот систем во С Македонија за да ги затвори овие ранливи точки и сакаме да видиме дека нашите инвестиции се исплатливи со судски систем што е правичен за сите, порача Брнз. Според неа, Владите можат да придонесат во борбата против корупцијата и наведе дека вицепремиерката Славица Грковска работи активно на промовирање на добрите практики, но, потенцира, овие практики бараат политичка волја. Таа изрази надеж дека оние што се посветени на промената нема да се воздржат да застанат во одбрана на тоа што е правилно. Уште еднаш нагласи дека борбата против корупцијата мора да се спроведува секој ден, во секоја институција и за доброто на секој граѓанин. На конференцијата во организација на Институт за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Лидерството за развој и интегритет во Југоисточна Европа (SELDI), Алан Џонс од ЕУ – Брисел информира дека на глобално ниво ЕУ има многу добри алати на располагање, а и уште се зајакнуваат во борбата против корупцијата, доброто владеење и човековите права. - Ние се повеќе се фокусираме на подигнување на свеста за корупцијата и во царината, образование, транспортот, енергетиката, во сите тие области, а за сето тоа е потребна политичка волја и е од суштинска важност за секоја држава. Да се одржува владеењето на правото. За да се постигне ЕУ членство мора да се бориме со корупцијата, тука не смее да има компромис, порача Џонс, додавајќи дека многу повнимателно се гледа како се спроведуваат новите закони и дали има добри резултати. ЕУ и понатаму е посветена на поддршка на напорите во ова поле, истакна тој, посочувајќи дека се даваат големи средства под ИПА 2 за борба против оргнизираниот криминал и корупција и тоа 140 милиони евра за 12 земји, а со ИПА 3 ќе има специјален сектор за владеење на правото. Џонс информира дека заедно со ОБСЕ ја следат корупцијата и организираниот криминал со цел да се идентификуваат системските проблеми кои и пречат на правдата и на ефективноста, а со цел да има силни институции кои ќе имаат отпор на корупцијата. Снежана Петијевиќ проект менаџер (КРИК), осврнувајќи се на состојбите во Србија, оцени дека српските институции не се слободни и не си ја вршат работата. Според неа, во Србија нема ниту еден случај во последните 10 години што се решил во однос на висока корупција и ниту еден случај не е истражен. Петијевиќ информира дека медиумите откриле и докажале корупција за политичари на високи позиции, но ниту еден од нив не бил санкционира, напротив, рече, дел од нив биле наградени. На форумот, како што е најавено, ќе се обратат министри за правда од Западен Балкан, лидери од граѓанското општество, уредници на истражувачки редакции и меѓународни претставници. цр/са/

Остани поврзан