• вторник, 12 ноември 2024

Брнз: Не може да има изговор за ваков акт на политичко насилство, од ова ќе излеземе посилни

Брнз: Не може да има изговор за ваков акт на политичко насилство, од ова ќе излеземе посилни
Скопје, 8 јануари 2021 (МИА) - Американската амбасадорка во Северна Македонија, Кејт Мери Брнз во објава на Твитер ги осуди насилствата во американскиот Конгрес во Вашингтон. -Благодарна сум за изразите на грижа и поддршка од пријателите и партнерите во Северна Македонија кои ја пренесоа својата верба во силата и отпорноста на американската демократија. Знам дека од ова ќе излеземе посилни и оти доаѓаат подобри денови, напиша американската амбасадорка на Твитер. Таа посочува дека не може да има изговор за ваков акт на политичко насилство, како што беше нападот врз Капитол хил во средата. -Претставува утеха што овие акти на насилство беа осудени ширум САД и во светот и само по неколку часа, нашиот Конгрес го потврди изборот на Бајден како иден претседател на САД, а претседателот Трамп вети уредна и беспрекорна транзиција на власта на 20 јануари, напиша Брнз на својот официјален Твитер профил. Пред два дена толпа поддржувачи на претседателот во заминување Доналд Трамп упаднаа во американскиот Конгрес, при што животот го загубија пет лица. нд/бак/  

Остани поврзан