• недела, 22 декември 2024

Брнабиќ: Ќе ја почитуваме одлуката на опозицијата доколку ги бојкотира изборите, но нема да дозволиме нереди

Брнабиќ: Ќе ја почитуваме одлуката на опозицијата доколку ги бојкотира изборите, но нема да дозволиме нереди

Белград, 4 април 2024 (МИА) - Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ изјави дека ќе ја почитува одлуката на опозицијата доколку ги бојкотира изборите во Белград, но дека „нема да дозволи немири“, јави дописникот на МИА од Белград.

Брнабиќ во гостувањето на телевизија Хепи рече дека опозициските политичари останале нејасни и „намерно не кажале дека ќе ги бојкотираат изборите“.

- Се надевам дека ќе излезат, но ако не излезат, тоа е нивна политичка одлука. Она што е недозволиво се нереди и спречување други луѓе да гласаат, рече Брнабиќ.

Брнабиќ во средата ги распиша изборите за советници на Собранието на Белград за 2 јуни 2024 година, откако без договор завршија разговорите меѓу власта и опозицијата за подобрување на изборните услови преку спроведување на препораките на ОДИХР.

Опозициските коалиции „Србија против насилството“ (СПН) и НАДА побараа локалните избори да се одржат истиот ден во оние места во Србија каде што не се гласаше на 17 декември минатата година, но тоа барање не беше прифатено. об/паг/

Остани поврзан