Брнабиќ: Нема да има контрамитинг во Белград на 15 март
- Брнабиќ додаде дека иако собирот на поддржувачите на власта нема да се организира на 15 март, сепак може да се очекува на друг датум, и посочи дека оваа влада „никогаш не организирала контра-митинг“.

Белград, 3 март 2025 (МИА) - Претседателката на Собранието на Србија изјави дека нема да има голем собир организиран од властите во Белград и дека нема да има контрамитинг.
„14, 15 и 16 март ни се работни денови, парламентот заседава за ситуацијата во Република Српска, ќе го поканам и претседателот на РС, Милорад Додик, па ако некој сака да ги окупира институциите, нека се сети во кој момент го сака тоа за Србија“, рече Брнабиќ.
Таа изрази надеж дека повеќето студенти ќе се оградат од идејата за упад во Собранието.
Брнабиќ додаде дека иако собирот на поддржувачите на власта нема да се организира на 15 март, сепак може да се очекува на друг датум, и посочи дека оваа влада „никогаш не организирала контра-митинг“. зш/
фото ЕПА