• недела, 22 декември 2024

Британското Министерство за одбрана соопшти дека Русија веројатно изгубила сто борбени авиони

Британското Министерство за одбрана соопшти дека Русија веројатно изгубила сто борбени авиони

Лондон, 20 април 2024 (МИА) - Руски стратешки бомбардер најверојатно бил соборен од украинските воздухопловни сили, јави ДПА, повикувајќи се на оценка на британското Министерство за одбрана објавена на социјалната платформа „Икс“.

Министерството соопшти дека тоа е „прв случај во кој стратешки борбен авион бил соборен од украински системи за противвоздушна одбрана“.

„Многу е веројатно Русија досега да изгубила сто воени авиони“, соопшти Министерството.

Москва ја започна својата офанзива во Украина во февруари 2022 година.

Руските воздухопловни сили вчера загубија еден од своите хиперсонични тешки бомбардери Тупољев Ту-22М3. Руското Министерство за одбрана соопшти дека авионот се урнал поради технички проблеми, додека Украина тврди дека авионот бил соборен. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан