• недела, 18 мај 2025

Британски ловци полетале два пати за да го заштитат воздушниот простор на НАТО од руски авиони

Британски ловци полетале два пати за да го заштитат воздушниот простор на НАТО од руски авиони

Лондон, 20 април 2025 (МИА) - Борбените авиони на британското воено воздухопловство (РАФ) полетаа двапати во последните 48 часа за да го заштитат воздушниот простор на НАТО од руски борбени авиони, објавија денеска британските медиуми.

Британските „тајфуни“ беа ангажирани за два одвоени инциденти оваа недела, откако руски воен авион прелета премногу блиску до границата на НАТО, предизвикувајќи тревога, пренесува лондонски „Телеграф“.

Ова е првпат РАФ да биде повикан да интервенира како дел од операцијата „Чесмен“, новата мисија на НАТО за зајакнување на воздушната одбрана на Европа. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан