• недела, 22 декември 2024

Британските боксери го бојкотираат СП

Британските боксери го бојкотираат СП

Лондон, 5 април 2023 (МИА) – Британските боксери нема да учествуваат на Светското првенство во аматерски бокс кое од 30 април до 14 мај ќе се одржи во главниот град на Узбекистан, Ташкент.

Ова доаѓа откако британската Боксерска федерација (ГБ Боксинг) претходно го бојкотираше и женското Светско првенство кое минатиот месец се одржа во Индија.

„Нашата одлука ја одразува постојаната загриженост за иднината на боксот во олимписката програма и неодамнешната одлука на ИБА да им дозволи на боксерите од Русија и Белорусија да се натпреваруваат под национални обележја, што е во спротивност со ставот на МОК за настапите на спортисти од овие земји“, објави ГБ Боксинг.

Во соопштението се изразува осуда на руската инвазија врз Украина и солидарност со украинскиот народ, како и боксерите, тренерите и официјалните претставници на боксерскиот спорт во Украина.

Британската страна, притоа, најави дека ќе учествува на Европските игри во Полска, кои се официјален квалификациски турнир за Олимпијадата идната година во Париз. ег/сд/

Остани поврзан