Британскиот премиер Џонсон позитивен на Ковид-19
- Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон е позитивена на новиот коронавирус, соопшти денеска Даунинг стрит

Лондон, 27 март 2020 (МИА) - Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон е позитивена на новиот коронавирус, соопшти денеска Даунинг стрит.
Џонсон бил тестиран на Ковид-19 откако покажал благи симптоми на болеста.
Според Даунинг стрит, Џонсон е во самоизолација и ќе продолжи да раководи со справувањето на Велика Британија со новиот коронавирус. ми/