• среда, 10 јули 2024

Британската полиција се уште трага по вооружен маж кој уби три жени во Лондон

Британската полиција се уште трага по вооружен маж кој уби три жени во Лондон

Лондон, 10 јули 2024 (МИА) - Британската полиција се уште трага по 26-годишниот Кајл Клифорд, осомничен за убиство на три жени во куќа во близина на Лондон.

Се верува дека мажот е вооружен со самострел.

Полицијата соопшти дека синоќа трите жени, кои се во роднинска врска, биле пронајдени во тешка состојба во куќа во Ешлин Клоус, во Буши, северозападен Лондон.

Итната медицинска помош добила сигнал околу 19 часот по локално време. Полицијата и болничарите веднаш реагирале и се обиделе да ги спасат жените, но била констатирана смрт.

Полицијата не потврди дали Клифорд жител на Лондон, бил во роднинска врска со жените. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан