Британската организација за поморски трговски операции предупреди за обидите на Иран да ги принуди трговските бродови да влезат во иранските води
- Британската организација за поморски трговски операции ги предупреди морнарите во Персискиот Залив за обидите на иранскиот корпус на гардата на Исламската револуција да ги принуди трговски бродови да влезат во иранските води.
Лондон, 24 јануари 2025 (МИА) - Британската организација за поморски трговски операции ги предупреди морнарите во Персискиот Залив за обидите на иранскиот корпус на гардата на Исламската револуција да ги принуди трговски бродови да влезат во иранските води.
Во соопштението објавено од организацијата се вели дека имало неколку инциденти.
„Се проценува дека тие најверојатно се дел од големите маневри на иранскиот корпус на гардата на Исламската револуција „Големиот пророк 18“, се додава во соопштението.
Иран два месеци спроведува вонредни воени вежби низ целата земја, откако двапати беше нападнат од Израел како одговор на нападите против него за време на војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас во Појасот Газа. рп/
Фото: МИА архива