Британската агенција за поморска безбедност пријави инцидент северозападно од пристаниште во ОАЕ
- Британската организација за морски трговски операции (UKMTO) соопшти денеска дека примила сигнал за инцидент на околу 150 километри од пристаништето Џебел Али во Обединетите Арапски Емирати.
Лондон, 11 мај 2025 (МИА) - Британската организација за морски трговски операции (UKMTO) соопшти денеска дека примила сигнал за инцидент на околу 150 километри од пристаништето Џебел Али во Обединетите Арапски Емирати.
Агенцијата информира дека брод во тој регион пријавил судир со мал пловен објект кој се обидел да се судри и со други бродови во областа. Од бродот потврдија дека сите членови на екипажот се безбедни. ссм/
фото: архива