• понеделник, 23 декември 2024

Брегу: До октомври имплементација на договорот за патување со лична карта и признавање на дипломите на Балканот

Брегу: До октомври имплементација на договорот за патување со лична карта и признавање на дипломите на Балканот

Белград, 30 март 2023 (МИА) - Генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС), Мајлинда Брегу, денеска изрази надеж дека договорите за патување со лични карти, признавањето на универзитетски дипломи и признавањето лиценци за лекари, стоматолози и архитекти од Западен Балкан ќе да бидат ратификувани и целосно имплементирани до октомври.

На средбата со министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, таа ја истакна важноста на договорот што со помош на РСС, шефовите на дипломатиите на земјите од регионот го потпишаа на Самитот на Берлинскиот процес на 3 ноември 2022 година.

МНР на Србија денеска соопшти дека изразиле надеж дека Договорот за патување со лични карти, Договорот за признавање на универзитетските дипломи и Договорот за признавање лиценци за лекари, стоматолози и архитекти ќе бидат целосно имплементирана до октомври, кога е планиран следниот Самит на Берлинскиот процес во Тирана. паг/

Остани поврзан