• четврток, 19 декември 2024

Браун постави клупски рекорд во Бостон

Браун постави клупски рекорд во Бостон
Лос Анџелес, 16 април 2021 (МИА) – Кошаркарот на Бостон, Џејлен Браун стана првиот играч во историјата на Селтикс кој постигнал 40 поени на натпревар со стапка на реализација од 85 проценти или повеќе. Тој ноќеска во победата над Лос Анџелес лејкерс (121:113) реализира 40 поени погодувајќи 17 од 20 удари од поле. Браун одигра 32 минути и покрај 40 поени, забележа девет скока и три асистенции. За Бостон ова беше петта победа во низа или вкупно 30 по 56 одиграни натпревари во регуларниот дел од НБА-лигата за 4. место во Источната конференција. ЛА лејкерс се петти на Запад со ефект 34 победи и 22 пораза. зс/

Остани поврзан