Бразил го победи Мексико со гол во 90+6. минута
- Репрезентацијата на Бразил ноќеска го победи Мексико со 3:2 во пријателски натпревар одигран на неутрален терен во Колеџ Стејшн, САД.

Колеџ Стејшн, 9 јуни 2024 (МИА) - Репрезентацијата на Бразил ноќеска го победи Мексико со 3:2 во пријателски натпревар одигран на неутрален терен во Колеџ Стејшн, САД.
Зај Бразилците погодија Андреас Переира, Габриел Мартинели и Ендрик, кој го постигна победничкиот гол во 90+6. минута.
Мексиканците головите ги постигнаа преку Џулијан Кинонес во 73. и Гиљермо Мартинез во 90+2 минута.
Во следниот натпревар Бразил ќе игра против САД на 13 јуни, додека Мексико ќе се сретне со Јамајка на 23 јуни во рамките на Купот на Америка. зс/
Фото: ЕПА