Бразил главен фаворит на СП 2022 според Ен-би-си, Аргентина е втора
- Бразил води на ранг-листата фаворити за освојување на Светското првенство 2022, составена од американската телевизиска мрежа „NBC Sports“.

Њујорк, 20 ноември 2022 (МИА) - Бразил води на ранг-листата фаворити за освојување на Светското првенство 2022, составена од американската телевизиска мрежа „Ен-би-си спортс“.
Аргентина го зазеде второто место, Франција е трета.
Топ 10 изгледа вака:
1. Бразил
2. Аргентина
3. Франција
4. Белгија
5. Англија
6. Холандија
7. Португалија
8. Германија
9. Шпанија
10. Данска.
Мундијалот во Катар почнува денес и ќе трае до 18 декември. зс/