• понеделник, 13 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ѓоковиќ сака да игра на Олимпијадата во Лос Анџелес

Ѓоковиќ сака да игра на Олимпијадата во Лос Анџелес

Белград, 15 јуни 2025 (МИА) - Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека си поставил цел да се натпреварува на Олимписките игри во Лос Анџелес.

- Единственото нешто за кое размислувам во моментов и единственото нешто што ме мотивира се Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Го сакам тенисот и сè уште сакам да фаќам рекет. Сè уште постои тоа дете во мене кое се заљуби во тенисот. Да ја немав таа страст и таа желба да се натпреварувам, немаше да продолжам. Но, сакам да излегувам на теренот со рекет во рацете и да победувам. Тој оган сè уште гори во мене, изјави Ѓоковиќ за „Tennis World USA“.

Триесет и осумгодишниот Ѓоковиќ е победник на 24 гренд слем турнири и има освоено 100 титули на АТП во поединечна конкуренција и една во двојки во својата кариера. 

Србинот има и злато од Олимписките игри во Париз во 2024 година и бронза од Олимписките игри во Пекинг во 2008 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан