Дуплантис по 12. пат го сруши светскиот рекорд во скок со стап
- Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис го сруши светскиот рекорд во скок со стап.
Стокхолм, 15 јуни 2025 (МИА) - Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис го сруши светскиот рекорд во скок со стап.

На домашен терен од Дијамантската лига, во Стокхолм, атлетичарот скокна 6 метри и 28 сантиметри.
За Дуплантис, кој е двократен олимписки шампион, овој светски рекорд беше 12. во неговата кариера.
Тој го постави претходниот светски рекорд (6,27 м) во март на натпреварот во Клермон (Франција). зс/
Фото: ЕПА