• сабота, 29 јуни 2024

Бразилките ја освоија Копа Америка

Бразилките ја освоија Копа Америка
Букараманга, 31 јули 2022 (МИА) – Женската фудбалска репрезентација на Бразил по осми пат ја освоија Копа Америка, откако во финалето на годинешаното издание во Букараманга со минимални 1-0 (1-0) ја совладаа домашната репрезентација на Колумбија. Единствениот гол во финалето го постигна Дебиња во 39. минута од пенал. Копа Америка во женска конкуренција се игра од 1991 година, а ова беше деветто издание. Бразил триумфираше во сите изданија со исклучок на 2006 година, кога во финалето беа поразени од Аргентина. ег/паг/

Остани поврзан