• четврток, 04 декември 2025

Бразилецот Марин нов голман на ПСЖ

Бразилецот Марин нов голман на ПСЖ

 

Париз, 18 јули 2025 (МИА) – Актуелниот европски првак ПСЖ потпиша петгодишен договор со 19-годишниот бразилски голман Ренато Марин.

Како што е соопштено, Марин, кој стави потпис на договор до 2030 година, доаѓа на „Паркот на принцовите“ без обесштетување, откако му истече договорот со Рома.

Марин мина низ младинската академија на Сао Паоло и Рома, но не одигра ниту еден натпревар за првиот тим на клубот од Рим.

На стандардниот голман на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, договорот му истекува идното лето, а во конкуренција на голманската позиција се и Матвеј Сафонов и Арно Тенас. ег

ФОТО:

Остани поврзан