Бојмацалиев во посета на Регионалниот центар за Гранични работи Исток
- Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски го посети Регионалниот центар за гранични работи Исток и граничниот премин „Делчево“.
Делчево, 1 април 2024 (МИА) – Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски го посети Регионалниот центар за гранични работи Исток и граничниот премин „Делчево“. Во рамки на посетата Бојмацалиев одржа работен состанок, а имаше и теренски активности заедно со македонската полиција, присуствувајќи на две точки на обезбедување на границата со Република Бугарија.
- Од состанокот со РЦ Исток сум информиран дека имаме зголемување на протокот на патници за 11 проценти, имаме намалување на криминалитетот на државна граница за 25 отсто, а зголемен е и бројот на настани по ОА Гора за 100 проценти и зголемување на количината на запленети дрва за 41,4 проценти, рече Бојмацалиев.
Заменик министерот напомена дека е намален бројот на откриените фалсификувани патни исправи и други документи за 15,38 проценти
- Со тоа потврдуваме дека овие гранични премини се опремени со опрема за детектирање на лажни документи. Исто така ќе може да се уверите и од опременоста на РЦ Исток на терен кај што бевме, имаме специјални возила за надзор на границата, исто така имаме и термални камери за секојдневно и ноќно набљудување. Исто така имаме и мобилни уреди кои се поставуваат и снимаат 24 часа во текот на денот и при детекција на одредено движење испраќаат сигнал до централата и знаеме дека некое лице е таму и тоа ни служи понатаму во постапката, додаде министерот.
Со тоа како што заврши Министерството ги потврдуваме тврдењата дека границите се безбедни и дека македонската полиција 3 опремена. Освен возилата форд кои се 10 на територијата на РСМ, во фаза на набавка се и 8 дронови, со што како што подвлече заменик министерот, Министерството ги следи светските трендови за обезбедување на нашите граници. вс/ир
Фото: МИА