• сабота, 27 јули 2024

Бојмацалиев: Внатрешна контрола истражува зошто граѓаните не можат да ги подигнат готовите пасоши

Бојмацалиев: Внатрешна контрола истражува зошто граѓаните не можат да ги подигнат готовите пасоши

Скопје, 4 март 2024

Во изјава за Сител Телевизија, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев беше запрашан зошто граѓаните не можат да ги подигнат своите готови патни исправи, на што тој рече дека за ситуацијата се истражува од внатрешна контрола на МВР.

„Има доволен број навработени, ќе се испита целата ситуација, ќе се најде проблемот и ќе има решение и за тоа. Ова се случува во последните 30 дена, порано знаете дека личните документи граѓаните за 15 дена ги добиваа. Сакам да дознаеме јас како дополнителен заменик министер за внатрешни работи, да дадеме одговор пред Народниот правобранител и пред граѓаните, зошто одредени патни исправи не можат да бидат земени од граѓаните, а се веќе готови. Тоа е истрага од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди”, рече Бојмацалиев.

Сектор за односи со јавност и протокол
Министерство за внатрешни работи

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан